Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќе од 200 кумановски пензионери ќе заминат на бесплатно бањско лекување.
Министерството за труд и социјална политика вчера ги објави списоците со среќните добитници.
Пензионерите во период од март до јуни годинава ќе одат на бањско лекување во Катлановска бања. Државата им покрива шест полни пансиони, здравствени прегледи, превоз од местото на живеење до бањата и назад. Од оваа година се воведува и бесплатен туристички викенд за пензионерите, но кумановските пензионери повеќе се заинтересирани за одење на бања.
Минатата година на бања заминале околу 300 пензионери.