×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 40 жртви на семејно насилство побаралe помош во советувалиште во Куманово

    18.11.2023 09:18 | Оливера Пешевска

    Над 40 жртви на семејно и родово базирано насилство побарале помош и поминале низ процесот во Советовалиштето за жртви на семејно насилство, кое го води Хуманитарното здружение Мајка во Куманово. Тим од социјален работник, психолог/психотерапевт, правник и кариерен соработник, секојдневно на жртвите има ја даваат неопходната помош за справување со последиците од насилството. 

    Над 40 жртви на семејно насилство побаралe помош во советувалиште во Куманово

    Податоците покажуваат дека во поседните 13 месеци, доаѓале жени од сите возрасти од 20 до 75 години, главно со пониско образование, невработени, економски зависни и без имот на сопствено име.

     „Скоро сите се жени кои се јавуваат кај нас се со основно или средно образование, освен две кои имаа високо. По правило се невработени,  живеат во куќа на име на насилникот, па им е потешко да се осмелат ги напуштат. Неретко се уценувани дека ќе им бидат одземени децата. Етничката слика е разнолика, се јавуваат и Македонки, Албанки, Ромки“, вели Вероника Зафировска, социјален работник во советовалиштето.

    Најголем проблем е што жртвите не се охрабруваат да пријават во Центарот за социјални работи или во полицијата, затоа што од таму почнува процесот на регистрација како жртви на семејно насилство, од кое подоцна можат да произлезат некои права. 

    „Насилството првин започнува со психичко и емотивно условување, манипулирање и малтертирање, најголем дел од жртвите кај нас не се ни свесни дека можат да работат. Тие се во некој маѓепсан круг, дека нивната обврска е да седат дома и да бидат мајки на децата. Најчесто имаат помали деца, во пониски одделенија на осноно училиште кои ги водат до училиште и назад“, додава Зафировска.

     Процесот на осамосталување на жртвите и излегување од средината на семејно насилство е особено тежок ако нема поддршка од околината, односно ако потесното семејтво застане на страна на насилникот. Но, има и позитивни случаи кои даваат надеж дека работите тргнуваат на подобро.

    „Жена со поддршка на сопствената мајка се охрабри, го напушти насилникот и застана на свои нозе. Карактеристичен е случајот кога жртвата и децата финасиски ги обезбедија семејството на насилникот, кои разумно застанаа на страната на правдата и не дозволија кругот на насилство да продолжи и ескалира. Но се има случено и да бидеме изманипулирани од личност која се претставуваше како жртва“, раскажуваат нашите соговорночки.

    Од пред месец дена здружението „Мајка“ има лиценца од Министерството за труд и социјална политика, поради што се очекува да се зајакне соработката на државните служби, која засега отсуствува.

    „До сега не се случило, ниту од Центарот за социјални работи ниту од полицијата да ги упатат кај нас, но другите граѓански организации или активисти знаат да не побараат или да упатат некоја жртва на наша адреса. Се случува и од Скопје, затоа што во интернет пребарувачите првин излегуваат скопските здруженија и шелтер центри. На пример, најстарата корисничка до нас дојде преку својот адвокат“, вели Ивана Маринковска, правник во здружението.

     Тие имаат одлична соработка со подрачното одделение на Министерството за правда преку програмата за бесплатна правна помош, кое ги води низ правните процеси, и ги застапува жртвите пред правосудните органи за регистрираните жртви кои не можат да си дозволат бракоразводна парница, поделба на имот стекнат во тек на брак или слични потреби.

    Хуманитарното здружение „Мајка“ од пред една година започна со имплементација на проектот „Комфорна зона за жени жртви на семејно и родово базирано насилство“, во рамки на кој функционира советувалиште. Проектот е финасиран од УНДП и Општина Куманово. Локалната власт на здружението одобри 600.000 денари како поддршка во наредните две години и уште 200 илјади денари за оваа година.