Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Форумот на жени СДСМ Куманово ќе подели над 400 новогодишни пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства како и дечињата на Одделот за онкологија на Детска клиника во Скопје.
Подароците се собрани во хуманитарен акција под мотото "Подари пакетче, подари радост", која ја организираше Форум на жени СДСМ и ЛК на СДММ Куманово, во пресрет на новогодишните празници.
„Голема благодарност што оваа година во толкава бројка се одзваа нашите сограѓани и се вклучија во оваа хуманитарна акција за да донесат радост на што поголем број дечиња. СДСМ уште еднаш ја покажа солидарноста на дело, ние како социјалдемократи се грижиме за секој. Дотолку повеќе е поголемо и задоволството кога во заедништво со граѓаните го покажуваме тоа, така и ќе продолжиме“, изјави Јасмина Георгиевска, претседателката на Форум на жени СДСМ Куманово.
Акцијата ја поддржаа членови и симпатизери на СДСМ, како и граѓани кои сакаат да им ги разубават празниците на што поголем број на дечиња.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk