Над 500 дечиња продефилираа на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ во Куманово (фото)
Над 500 дечиња и ученици учествуваа на традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“, кој денеска се одржа на Градскиот плоштад во Куманово.
Над 500 дечиња и ученици учествуваа на традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“, кој денеска се одржа на Градскиот плоштад во Куманово.

Со креативни и впечатливи маски, маскенбалот го отворија дечињата од клоновите на градинката „Ангел Шајче“, а потоа продефилираа учениците од основните и средните училишта.

Во име на Општина Куманово, манифестацијата ја отвори секретарот Емилија Сларидис-Јаневска, која ги поздрави дечињата и учениците што учествуваа на настанот, како и нивните ментори, родители и гости.
„Посебно ме радува што денеска овде, на Градскиот плоштад, имаат можност да продефилираат над 530 дечиња со 14 групни маски, кои преку својата креативност, фантазија и желби ќе ги изразат своите мечти и соништа. Ве повикувам да ги проследиме и со громогласен аплауз да ги наградиме, бидејќи така ќе го вреднуваме нивниот труд и посветеност во креирањето на маските“, рече Сларидис-Јаневска.

Годинава се одржа 22. издание на маскенбалот, кој има ревијален карактер, а сите учесници добија благодарници.