Над 600 полицајци ангажирани во последното деноноќие за гаснење и превенирање на пожарите

15.08.2021 12:13 | Сузана Николиќ

МВР ангажираше 641 полициски службеник, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, во изминатото деноноќие заради активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија.  

Над 600 полицајци ангажирани во последното деноноќие за гаснење и превенирање на пожарите

Притоа се реализирани 206 мото-патроли и користени се 162 моторни возила.

„МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец“, стои во соопштението.

 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk