×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 770 илјади евра ќе чини реконструкцијата на малиот плоштад во Куманово

    05.10.2023 10:20 | Оливера Пешевска

    Реконструкцијата на Градски плоштад пред Центарот за култура ќе ја чини Општина Куманово 47.599.999  денари или 773 илјади евра. Тендерот го добила фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје, која имала најниска понуда, а работата треба да ја заврши во рок од 6 месеци или 180 работни денови. 

    Над 770 илјади евра ќе чини реконструкцијата на малиот плоштад во Куманово

    Според податоците од договорот кој е објавен, на плоштадот ќе се изгради детско игралиште со површина од 100 м2, со гумен под, ќе бидат поставени 32 шаховски фигури со висинина од 65 см. и шестоаголна клупа околу дрво која ќе има метална конструкција и дрвен седишен дел. Клупа ќе има и околу веќе постоечката жардињера, три дрва ќе се заштитат со челични штитници, а ќе бидат поставени 5 сет-клупи со жардињера.

    Ќе се обнови електричната инсталација и ќе се постават нови светилки на плоштадот. Пристапните патеки, тротоарот, улицата и пристапните рампи ќе се покријат со гранитни елементи со дебелина од 4 см, отпорни на сол, порозија, лизгање и мрзнење. Просторот ќе биде хориткултурно уреден со точно дефинирани видови и број на садници. 

    „Проектот предвидува кршење и транспорт на постоечкиот асфалт од тротоарите и улицата „Маршал Тито“ на површина од 1941 м2, вадење на сите рабници на зелените површини и улицата и тротоарите, целосна деконструкција на скалила, демонтажа на канделабри, клупи и столпчиња. Откако ќе се отстрани старата инсталација ќе се изгради нова водоводна и канализациска мрежа. Предвидено е поставување на систем за наводнување на зелените површини во должина од 1045 метри и дополнителни 600 метри систем „капка по капка“, за што ќе се постават 9 градинарски хидранти“, стои во договорот.

    Реконструкцијата на малиот плоштад е дел од проектот за урбана мобилност, кој ќе се изведува во три фази. Првата фаза е токму спојувањето на двата плоштади во едно големо плато, втората фаза ќе се одвива во делот на т.н. Скопски дуќани и спојување со ул. Ленинова, и последната трета се однесува на ул. Илинденска. 

    Минатата недела, изведувачот го огради просторот и донесе механизација со цел да започнат со работата, но само по три дена беше отстранета со образложение дека се работело за подготвителните активности пред отпочнување на реконструкција на плоштадот. 

    „Реконструкцијата се поместува согласно отворањето на Денови на комедија во градот и непречена циркулација на граѓаните на овој простор на денот на отворањето“, одговорија општинските служби на прашањето на Кумановоњуз.

    Денови на комедија завршуваат на 14 октомври, по што се очекува да почне реконструкцијата на плоштадот.

    Воведување на целосна пешачка зона во централното градско подрачје е проект на Општина Куманово и ќе се финансира од локалниот буџет.