×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 80 отсто од родителите сакаат децата да посетуваат настава во училиштата

    07.09.2020 16:29 | KumanovoNews

    Над 80 отсто од родителите на кумановските ученици се изјасниле наставата да се изведува во училиштата, кажа градоначалникот Максим Димитриевски, по состанок со директорите на основите и средните училишта во градот, каде се разговараше за  начините на отпочнување на наставата.

    Над 80 отсто од родителите сакаат децата да посетуваат настава во училиштата

    „Во неколку училишта направивме онлајн и пишани анкети, каде родителите имаа можност да се изјаснат дали поддржуваат настава во училиштата за нивните деца. Морам да ви кажам дека резултатите се во интерес на физичко посетување на наставата, дури над 80 отсто од родителите даваат поддршка и бараат да се организира настава во училиштата, - изјави Димитриевски.

     Тој потенцираше дека коронакризата ги извади на виделина суштинскиот пропуст во техничкото функционирање на училиштата и ниското ниво на опременост во одредени основни училишта во градот. Поради тоа Општината планира со ребаланс на буџетот за да им помогне на училиштата со техничко опремување, а за професорите се планира дополнителни обуки.

    „Ќе биде тешко, но со дополнителни обуки и на персоналот, но и на самите ученици ќе се обидеме да го сведеме ризикот на минимум. Општина Куманово во рамки на својот буџет ќе направи репрограма на своите средства и ќе обезбеди средства за дезинфекција и на просториите и за рацете, дополнителна опрема, поврзување со оптичките кабли и интернет конекција на училиштата каде што постои можност за такво нешто. Дополнително по пат на донација обезбедивме сто таблети коишто планирамем да ги поделиме на училиштата за да ги користат во делот на држење на онлајн настава, или самите наставници или одреден број на ученици од социјалните загрозени семејства. Јас сум сигурен дека имаме доволно едуциран технички персонал кој ќе се стави во функција на организирање на ваква настава",  вели Димитриевски.

    Во однос на тоа во кое училиште ќе се организира онлајн, а во кое настава со физички присуство, рече дека секое училиште ќе има различен пристап во зависност од условите кои ги исполнува.

    „ Оние училишта коишто ги исполнуваат условите каде што има поголем број на паралелки, а помал број на ученици, тие исполнуваат услови да ја одржуваат наставата. Во спротивно, во оние училишта каде што имаме паралелки со голем број на ученици таму ќе мораме да имаме редуцирана настава за да можат учениците да доаѓаат, но да не се создава ризик од блиски контакти, да се редуцира бројот на учениците во паралелките. На тоа работат директорите, бидејќи имаат овластување за такво нешто, јас како градоначалник дополнително давам мислење на нивните програми, коишто ги доставуваат до мене и тие ќе одат на одобрување на Советот и откако ќе бидат одобрени ќе бидат реализирани. И самото министерство вели сакаме да отпочнеме со наставата од 10 октомври, ќе видиме до тогаш како ќе се развива ситуацијата во државата. Крајниот збор во државата го има Владата по насока на Комисијата за заразни болести и епидемиолозите", рече тој.

    Од Општината ќе упатат и писмено барање до ресорното министерство и до Владата по брза постапка да им се набави поголем број на технички средства, со цел поефикасна настава и за учениците, но и за професорите коишто досега користеа своја лична опрема.

    Во случај да се појави коронавирусот помеѓу учениците,  ќе се постапува согласно епидемиолошките процедури и ќе се изрекуваат мерки за самоизолација на тоа одделение или дополнително ако е потребно на целото училиште, рече Димитриевски.

    (Ф.Марковска)