Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Надојдена вода по последните дождови, вчера поплави неколку куќи и помошни простории во липковското село Лојане.
Комисијата за проценка на штети од општина Липково денеска ќе излезе на терен, за да ја увиди фактичката состојба.
“Комисијата за проценка на штети е формирана кога е формиран и општинскиот совет, и деновиве ќе ги посетат поплавените. Извештај ќе се направи, ќе помине на Совет и ќе се достави до надлежните во Владата“ - велат од општина Липково.
И реката Слупчанка викендов се излеа од своето корито и поплави помошни простории и ниви во селата Опае, Липково и Оризаре.