×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наесен судење на терористите

    08.06.2015 14:32 | KumanovoNews

    Најрано во септември може да се очекува уапсените терористи од Куманово да седнат на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1, каде ќе им се суди за теторизам, дознава Плусинфо од Обвинителство.

    Наесен судење на терористите

    Предметот против нив бил обемен, имало низа материјални докази, а сето тоа не можело во брза постапка да биде сработено додека целосно не биде истражен секој сегмент пред конечно да биде напишан актот за делата за кои се уапсени. До денот кога прв пат јавноста ќе може да ги види лицата на уапсените терористи тие ќе останат во притвор, односно уште најмалку 60 дена.

    Додека во Скопје се очекува дури на есен да почне судскиот прoцес, денеска во Приштина Агрон Селимај директор на косовската Агенција за разузнавање (АКИ) ја известил петчлената комисија од косовскиот парламент за се што знаат неговите колеги за групата која минатиот месец предизвика 28 часовна војна во Куманово.