Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, вели директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
„Дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата и ја користат состојбата за профитерство оставајќи впечаток дека нема гориво. Во текот на денешниот ден, добивме укажувања од поголем број на потрошувачи кои посочуваат дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите. Некои бензиски пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите“, вели Бислимоски.
Макпетрол ги известува потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на нивните бензински пумпи и покрај фактот дека во овој момент компанијата работи со загуба. Компанијата апелира до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат општата безбедност на граѓаните.
Поради очекувањата дека ќе се згоелми цената на горивото, вчера на повеќе бензински пумпи во градот имаше колони од возила, кои чекаа да наточат бензин.