×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени најдобрите творби за Месецот на книгата

    14.11.2013 11:23 | KumanovoNews

    Завршната манифестација од Месецот на книгата денеска ќе се оддржи во ОУ “11 Октомври“ при што награди ќе им бидат доделени на учениците со најдобри литературни творби и цртежи.

    Наградени најдобрите творби за Месецот на книгата

    На манифестацијата ќе бидат наградени и најдобрите библиотекари од Општина Куманово.

    На оддржаниот конкурс кој го распиша библиотеката “Тане Георгиевски“ по повод Месецот на книгата за 2013 година, на тема “Книгата што ја држам во рацете“ пристигнаа 135 литературни творби, од кои 86 прозни и 49 песни и 56 ликовни творби - изјави Нада Ивановска, директорка на библиотеката.

    Во конкуренција на средни училишта за проза првонаградена е Ана Младеновска, ученичка во 2 година во Гимназија “Гоце Делчев“.

    За најдобра песна прва награда добива Стефан Бранковски, ученик во 2 година во Гимназија “Гоце Делчев“.

    Од основните училишта, за прозна творба прва награда добива Георгина Јовановска, седмооделенка во ОУ“Крсте Мисирков“.

    Прва награда за песна зема Ања Алексовска, ученика во седмо одделение во ОУ“Христијан Карпош“.

    За најдобар цртеж во категорија на средни училишта, прва награда добива Кристијан Стојчевски, ученик во 1 година во “Наце Буѓони“.

    Од основците првонаградена за најдобра цртеж е Ана Љубиќ, осмооделенка во ОУ“Карпош“ од с.Умин Дол.

    Најуспешните ученици ќе бидат наградени со книги, дипломи, пофалници.