Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од музичкото училиште “Панче Пешев“ освоија награди на Меѓународен натпревар по соло пеење во Арангеловац, Србија и на државен натпревар на млади музичари во Скопје.
Во категоријата соло пеење: Исмет Вејсели, ученик во втора година, освоил прво место во Арангеловац и во Скопје, додека Ангела Костова, од трета година се пласирала на второ место на натпреварот во Скопје.
Во категорија хармоника прва награда добил Филип Трајковски, а втор е Петар Штерјовски.