×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најден Бајдевски резибран за претседател на Локалниот економскo-социјален совет

    16.12.2021 09:59 | Сузана Николиќ

    Бизнименот и сопственик на кланицата и лабораторија „БДА Компани“, Најден Бајдевски, доби мандат и во 2022 години да го води Локалниот економско-социјален совет во Куманово. На вчерашната работна средба членовите на советот по третпат го избра Бајдевски за претседател, додека заменик е Миле Спасовски, а нов член на овој состав е Ивана Ѓорѓиевска. 

    Најден Бајдевски резибран за претседател на Локалниот економскo-социјален совет

    „Во наредната година ќе се сконцентрираме на економскиот развој и помагање на бизнис секторот за достапноста на европските фондови. Да помогнеме на бизнис операторите да ги искористат сите извори на финсирање од домашните и странски фондови. Исто така ќе се обидеме да доведеме стручни лица за едукација на нашите стопанственици  за да бидат во чекор со трендовите и развојот на технологијата и  потребите на потрошувачите што ги диктира светкиот пазар“, изјави Бајдевски за Кумановоњуз. 

     На работната средба беа презентирани досегашните активности на Советот. Бајдевски вели дека во изминатата година во време на ковид кризата помогнале на многу граѓани со парична и матерјална помош.

    Локалниот економско-социјален совет е лидер во земјава по својата работа, веќе има донесено своја Стратегија од 2021-2025 и има одлична соработка со сите државни и локални институции, странски организации.

    Локалниот економски социјален совет во Куманово постои 3 години и работи како консултативно и советодавно тело во кое членуваат претставници од: Општина Куманово, Организација на работодавачи на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, Центар за вработување Куманово , ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи, како и здруженија на граѓани.