Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во чест на големиот актер кој неочекувано почина, се потсетуваме на неговата најголема улога. Следуваат некои од најдобрите фрази кажани од легендарниот Тони Сопрано.
Обраќајќи се на психијатар: „Ние сме војници. Војниците не одат во пеколот. Ова е војна. Војниците убиваат други војници. Во ситуација сме кадешто секој вмешан го знае својот влог и ако го прифатиш тој влог, мора да направиш одредени работи. Бизнис.“
Од друг разговор со неговиот прихијатар: „Ова не е болно. Да бидеш застрелан боли. Да те избодат во ребра боли. Ова... не е болно. Празно е. Мртво.“
Обраќајќи ѝ се на својата сопруга, Кармела: „Религиозна си само кога ти одговара.“
Зборувајќи за вмешаноста на неговата мајка во планот за неговото убиство: „Каква личност може да бидам кога сопствената мајка сака да ме види мртов?“
За време на пилот-епизодата: „Добро е да се биде во нешто од самиот почеток. Дојдов многу доцна за тоа и знам. Но, во последно време, добивам чувство дека дојдов на крајот. Најдоброто е завршено.“
„Погрешната одлука е подобра од неодлучноста.“
„Доколку можеш да ги цитираш правилата, можеш и да ги почитуваш.“
„Дури и расипаниот часовник е во право двапати во денот.“
„Каква корист има од празен пиштол?“