Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Венко Филипче добил 181 глас на партиските избори во Куманово.
Во неделата гласале 285 социјалдемократи од вкупно 1.300 регистрирани членови со право на глас. И покрај слабиот одзив од само 22 отсто од регистрираните членови, најголемиот дел од нив својот глас го дале за Филипче.
Изборите поминале во најдобар ред, без никакви отстапки или нерегуларности.
„Јас бев набљудувач на изборите и можам да констатирам дека се помина во најдобар ред. На гласање излегоа 285 наши сопартијци, но имавме 8 неважечки ливчиња. Убедливо најголем број гласови доби Венко Филипче, кој е и нов пртеседател на СДСМ“, истакна Дарко Ристовски.
Главниот противкандидат на Филипче, Јован Деспотовски, освоил 81 глас, за Александар Бајдевски гласале 11 члена, а само четиворица го дале гласот за Славјанка Петровска.
Партиската Централна изборна комисија констатирала дека на национално ниво процесот за избор на претседател на СДСМ бил кредибилен и демократски.