Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изминатите 24 часа најмногу дожад наврнал во Куманово – 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка, Охрид, Берово, Струмица и Крушево по еден литар на метар квадратен.
Во Тетово – 8, во Скопје-Петровец и во Дебар – 5, во Демир Капија – 3, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Утрово времето во државава е сончево со мала до умерена облачност. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. UV=7