Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Намален е бројот на мигранти во селото Табановце, потврдуваат мештаните.
За разлика од предходните месеци кога дневно имало до 1000 мигранти сега нивниот број е значително помал. Странците поретко влегуваат во селото, туку по пругата со воз во раните утрински часови или навечер заминуваат за Србија. Доколку ги вратат од граница, поставуваат шатори и преноќуваат во нивите а потоа го продолжуваат патот кон зацртаната цел.
“Во последно време само поминуваат покрај куќите, не влегуваат во селото. Некои доаѓаат вода да побараат, ретко некој и леб. Не ни додеваат. Си одат по нивен пат. Граница е до нас, ги пуштаат и заминуваат за Србија, - вели Надежда Тасиќ од селото.
Таа вели дека напливот на мигранти бил зимоска, кога влегувале во куќите и шталите за да се заштитат од студот.
Преку зима беше многу страшно. Ќе влезеш во соба, кога ќе погледнеш легнал спие и тоа беше голем стрес за нас,- додава Тасиќ.
И другите жители на Табановце потврдуваат дека се помалку видуваат мигранти и дека немале некои посериозни проблеми со нив.