×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намален интересот за барање азил

    08.07.2011 12:45 | KumanovoNews

    Над 400 кумановци се вратени од западно-европските држави каде заминале да бараат азил. Најбројни се Ромите, дури 80 проценти, 15 проценти се Албанци и 5 проценти Македонци. По градови најмногу азиланти имало од Битола, Шуто Оризари и Куманово.

    Намален интересот за барање азил

    Локалниот совет за превенција денеска одржа состанок со невладините организации, сопственици на туристички агенции и автопревозници со цел превентивно да се делува на свеста кај граѓаните за злоупотреба на визната либерализација и последиците за државата. На присутните им беа поделени флаери за безвизниот режим, и условите под кои може да се престојува во земјите од Шенген зоната. На состанокот присуствуваат и гости од Меѓународната организација за миграција, кои ќе ги презентираа легалните патишта за престој на нашите државјани во странство- вели Виолета Бодановска, началник на секторот за превенција.

    Таа е задоволно од кампањата, затоа што ги дала очекуваните резултатите и бројот на азиланти од Куманово е драстично намален.