×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намален морталитетот во Куманово и Липково, зголемен во Нагоричане

    26.06.2014 13:20 | KumanovoNews

    Во трите општини повеќе умираат мажи од жените

    Намален морталитетот во Куманово и Липково, зголемен во Нагоричане

    Во општините Куманово и Липково смртноста на луѓето во 2013 година е намалена во однос на предходната година, а во Старо Нагоричане зголемена.

    Во Куманово лани починале 990 луѓе, а во 2012 година тој број изнесувал 1048 луѓе. Во Липково во 2013 година починале 144 граѓани за разлика од 2012 кога имало 173 починати. Во Старо Нагоричане лани умреле 105 луѓе што е повеќе од 2012 година кога починале 92 жители.

    Од вкупниот број починати во Куманово, 516 се мажи, 19 се доенчиња, 938 се лекувале пред смртта, а 306 починале во болница.

    Во општина Липково од 144 починати луѓе, 77 се мажи, 4 се доенчиња, 143 се лекувале пред смртта, а 39 умреле во болница.

    Од 105 починати во Старо Нагоричане 59 се мажи, починати бебиња нема, 103  се лекувале пред смртта, а 20 починале во болница.