×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намален водостојот на реките Пчиња и Крива река, но опасноста од поплави не е помината

    12.01.2021 13:57 | KumanovoNews

    Селата Довезенце, Јачинце и Пчиња, остануваат критични точки за излевање на реките Пчиња и Крива Река и покрај тоа што е намалено нивото на водата во реките.

    Намален водостојот на реките Пчиња и Крива река, но опасноста од поплави не е помината

    Општинскиот кризен штаб по денешноиот состанок упатил препорака до АД „Кумановско липковско поле“ веднаш да излезат на терен со расположливата механизација да интервенираат за да не се повторат полавите бидејќи се очекуваат нови врнежи од дожд.

    „Како Општина стоиме на располагање на АД Водостопаство „Кумановско-липковско поле“ и на сите други институции, во рамките на нашите надлежности, доколку имаат потреба од дополнителна помош  за спречување на поплавите. Иако располагаме со скромни средства, општината запазувајќи ја законската процедура, директно ќе се вклучи да помогне. Но, до овој момент немаме добиено такво барање“, рече на денешната прес конференција, Даниел Стојчевски, член на Кризниот штаб во Општина Куманово.

    Тој додаде и дека тие, како Општина имаат надлежност само над речните текови коишто се наоѓаат во градот, односно над реките Липковска, Којнарка и Кумановка, каде што состојбите со речните сливови се стабилни, а каде редовно се врши контрола и се ангажира соодветна механизација доколку има потреба.

    Во моментот на терен е излезана Комисијата за проценка при  Општина Куманово кој ги утврдува штетите од поплавите кои зафатија одредени земјоделски површини и викендички во текот на вчерашниот ден. А исто така е формирана и трочлена комисијата која ќе ги истражува причините и последиците за прелевањето на реките.

    (Ф.Марковска)