×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намалена побарувачката на станови во Куманово

    13.12.2013 14:23 | KumanovoNews

    Во Куманово последнава година драстично опадна продажбата на станови.

    Намалена побарувачката на станови во Куманово

    Во градот има двојно повеќе станови од граѓани кои сериозно планираат да купат стан иако цената е пониска од предходните години. Најголем дел од купувачите се повратници од Авганистан и луѓе кои продале куќи во населбите, а мал дел од граѓаните подигаат кредит за да купат стан. Најбарани се становите во центар од 60 до 70 квадрати, помали со 40 квадрати и оние од 90 квадрати. Просечната цена за квадрат се движи од 550 до 650 евра.

    Цената е падната во однос на минатата година за 5 до 10 отсто. Причина е големата конкуренција, односно има многу повеќе станови отколку што има побарувачка и понатаму се намалува побарувачката за станови. Ограничен е бројот на купувачи. Во градот има околу 150 станови кои се нудат на продажба а само седумдесетина купувачи - вели Виктор Величковски, директор на агенција за недвижности “Премиум - лукс“.

    Инвеститорите и луѓето од агенциите кои работат со продажба на недвижнини  кажуваат дека во Куманово има хиперпродукција на станови, а продажбата ќе опаѓа бидејќи кум новци завршуваат со печалбата во Авганистан.