Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Намалување на цените за еден денар има кај дизел горивото и маслото за горење, Еуросупер 98 поевтинува за половина денар, додека Еуросупер 95 останува со истата цена.
Од вечерва на полноќ покачување на цената има само кај мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 77,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 79,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 72,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 72,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 41,517 (денари/килограм)
Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на горивата во просек за 0,54%. Тоа се должи на намалување на цените на светскиот пазар.
Теодора Стоевска