×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намалувањето на солидарниот фонд е одлука на здруженијата на пензионери, велат од МТСП

    09.03.2022 13:19 | Сузана Николиќ

    Намалувањето на висината на посмртната помош за 5 илјади денари, од 30.000 на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, информира Министерството за труд и социјална политика.

    Намалувањето на солидарниот фонд е одлука на здруженијата на пензионери, велат од МТСП

    Оваа одлука предизвика револт кај пензионерите, бидејќи била донесена без консултација со пензионерите. Во исто време месечниот издаток кој пензионерите го издвојуваат од своите пензии и го плаќаат токму за оваа цел е зголемен од 150 на 180 денари.

     „Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова“, велат од МТСП. 

    Од Одборот на организацијата за солидарен фонд и членарина, се правдаат дека намалувањето на посмртната помош се должи на зголемениот број на починати пензионери во корона-кризата.

    „До пандемијата умираа околу 1.200 корисници просечно во рден месец, а сега за време на пандемијата над 1.800 корисници на пензија. Со тоа се зголеми бројот на примателите на посмртна помош и времето на чекање на исплата на отпремнината“, објасуваат од одборот. 

     Тие додаваат дека одлуката нема да биде трајна, туку привремена.

    Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е институција која само е сервис на корисниците на пензија, кој врши задршка на утврдениот износ на средства од страна на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и врши исплата на средства од посебниот фонд.

    (фото. архива)