Наместо да платат бурек, ги истепале газдата и продавачот
30.06.2014 13:23
| KumanovoNews
Тројца кумановци откако купиле бурек во бурекџилница “Сафи“, наместо да платат, го истепале продавачот и сопственикот.

В.М.(25), М.М.(31) и Н.Т.(47) сите од Куманово, дошле во бурекџилницата и прво се скарале со продавачот околу плаќањето, по што го нападнале него и сопственикот нанесувајќи им повреди по телото. Откако во објектот дошол човек од обезбедувањето, првопријавениот со дрвен стап го нападнал и него, и му нанел повреда.
Тројцата насилници ќе одговараат за кривично дело насилство, а В.М. и за напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста.