Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција синоќа привела 57-годишен кумановец, затоа што во семејната куќа физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга.
Според МВР, тој бил баран со централна потерница за доиздржување казна затвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.