Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Насер Селмани и во следните четири години ќе го води Здружението на новинарите на Македонија.
На вчерашното редовно изборно собрание на ЗНМ, кое се одржа во хотелот Холидеј Ин во Скопје, беа избрани и новите органи на Здружението.
На собранието присуствуваа над 200 членови и гости. За Претседател на ЗНМ се кандидираа двајца новинари, досегашниот претседател на ЗНМ Насер Селмани од дневниот весник Вест и Семи Мехмети од порталот Алмакос. Со 154 гласа победи Насер Селмани, додека неговиот противкандидат освои 21 глас.
Тројца кумановски новинари се избрани за членови на управниот одбор, надзорниот одбор и во Советот на честа.
Неџат Акифи, МРТ, Џенис Сулимани, Лајм и Фросина Лазаревска од Плоштад.
На отворањето на Собранието едногласно беше усвоена Декларација за поддршка на колегата Кежаровски со што уште еднаш се даде силна поддршка за негово ослободување како единствена исправна одлука на судските органи. На Собранието прво беше претставен Извештајот за работата на Здружението на новинари на Македонија за изминатата година и за достигањата на досегашниот состав на раководството на ЗНМ во нивниот 4-годишен мандат. Презентиран беше и финансискиот извештај за работењето на здружението за минатата година. Двата извештаи беа едногласно усвоени од присутните членови. На Изборното собрание присуствуваа 20 новинари и камермани од редaкциите на кумановските медиуми.
Фото: prizma.birn.eu.com