Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петмина пијани кумановци претепале четири момчиња пред ресторанот “Рим-Париз“ во Куманово.
Инцидентот се случил завчера, дваесет минути по полноќ на булеварот „Трета МУБ„ кога И.Н.(27), Н.Д.(25), А.А.(22), С.П.(22) и Ф.Д.(25), откако се напиле, без причина ги нападнале М.Н.(24) и М.П.(24) додека си оделе по улицата. Тие со тупаници ги удирале по телото и им нанеле видливи повреди. На местото на нападот наишле В.П.(23) и В.П.(23), браќа близнаци на М.П, еден од нападнатите. Тие се обиделе да ги разделат напаѓачите, но и тие се нафрлиле и врз нив и ги натепале. Едниот од близнаците се здобил со исекотини во пределот на главата откако го удриле со стаклено шише. Другиот го собориле на земја и го клоцале, при тоа му го изместиле десното рамо и му ја скршиле клучната коска. Потоа насилниците побегнале, но набрзо биле фатени.
По направените алкотестови, било утврдено дека И.Н. имал 2,56 промили алкохол во крвта, Н.Д имал 0,85, а А.А имал 0,64 промили алкохол во крвта. Другите двајца не сакале да се тестираат и нив им е земена крв за анализа. Насилниците ќе одговараат за три кривични дела “насилство“, “тешка телесна повреда“ и “учество во тепачка“.Истражен судија им одредил 30 дена притвор.
Насилниците и се познати на полицијата бидејќи и претходно врешеле тешки кражби и трговија со дрога.