Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот на ул. 11 Октомври, во близина на градската џамија.
Едно лице е приведено во полицијата затоа што нападнало возач на автобус во центарот на Куманово.
„Од полициски службеници од СВР Куманово е приведен кумановец, затоа што Б.Д. од Куманово вработен како шофер на автобус, пријавил дека на автобуска постојка во близина на џамија во Куманово, пријавениот со остар предмет се обидел да го повреди. Притоа оштетил неколку стакла на автобусот“, соопштува МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.