×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наскоро конзерваторските истражувања во Свети Ѓорѓи

    11.02.2014 09:35 | KumanovoNews

    Тимови од Национален конзерваторски центар во март ќе започнат со истражувања на црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, по што ќе бидат изработени проектни програми за заштита и реконструкција на овој верски објект.

    Наскоро конзерваторските истражувања во Свети Ѓорѓи

    Ќе се мери влагата внатре, ќе се евидентираат оштетувањата на архитектурата, живописот, покривот, ќе се истражат темелите. Конзераторските истражувања се вршат за да се добијат резултати по што ќе биде изготвена проектна програма и неа треба комисија да ја одобри. Управата за заштита на културното наследство ќе треба да даде одобрение како што се прави за секој споменик на културата. Конзерваторско - реставраторски интервенции на терен најверојатно ќе почнат во август - вели Цветанка Хаџипецова, координатор на проектот.

    Проектот за реставрација на Свети Ѓорѓи, изградба на плоштад, реновирање на испосницата на Прохор Пчински, изградба на етнолошки музеј во старото училиште во Старо Нагоричане  ќе се реализира со 1,4 милиони евра, пари од европски фондови и од Министерството за култура.