×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наставници се обучуваат за работа со деца со попреченост

    13.06.2014 12:28 | KumanovoNews

    Наставници од североисточниот регион и од бугарската општина Дупница се обучуваат за работа со деца со попреченост.

    Наставници се обучуваат за работа со деца со попреченост

    Обуката е дел од проектот “Сите деца учат заедно“ кој го реализира Центарот за развој на североисточен плански регион со општина Дупница. Наставниците ќе совладаат нови методи, техники, начини како да ги оценуваат децата со посебни потреби  вклучени во редовниот образовен процес.

      - Имаме група од наставници, директори, педагози од најразлични инклузивни училишта во кои се работи на планирање на наставни методи, содржината за работа, изработка на индивидуални образовни планови.  Тие имаат проблем затоа што нивните класови се премногу големи и не можат да балансираат помеѓу учениците со посебни образовни потреби и да ги опфатат и останатите деца. Немаат дополнителна поддршка од дефектолог во училишето, не можат сами да ги адаптираат наставните програми - вели Росица Колева, обучувач.

    Овие техники за работа со деца со попреченост се практикуваат во Англија и Германија.

      - Сите треба да бидат вклучени во процесот, а пресудни се родителите. Тие го познаваат своето дете и треба да ни дадат иницијатива. Треба да биде вклучен одделенскиот раководител, тој сигурно најмногу знае за детето и заедно со стручна служба со дефектолог, педагог, психолог сите заедно треба да изработат образовен индивидуален план затоа што секое дете има различна попреченост - кажа Даниела Тасовска, педагог во ОУ “Толи Зордумис“.

    Во текот на обуката наставниците дискутираа и за проблемите со кои се соочуваат при работа со ученици со посебни потреби.