×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наставнички совет: Гимназијалците ќе бидат обесправени со новата реформа

    28.02.2015 10:18 | KumanovoNews

    Наставничкиот совет од Гимназија “Гоце Делчев“  е против воведувањето на математиката како задолжителен предмет за државна матура, бидејќи смета дека со новата одлука ќе бидат обесправени само учениците со гимназиско образование.

    Наставнички совет: Гимназијалците ќе бидат обесправени со новата реформа

      По одржувањето на состанокот Наставничкиот совет донесе заклучок за новите измени, кој ви го пренесуваме во целост:

    Имено со новите измени во однос на полагањето на државна матура востановени за оваа учебна година, само за гимназиското образование, се полага математика како трет екстерен предмет, но задолжителен за сите. По опсежна дискусија, ставот на наставниците е дека учениците од гимназиското образование се онеправдани во однос на учениците од стручните училишта при упис на факултет, бидејќи не полагаат исти предмети во екстерниот дел. На пример еден гимназијалец при упис на Медицински факултет е во нерамноправна положба во однос на матурант од Средно медицинско училиште. Од тука произлегува и прашањето што со перцентилните рангови кога не се исти предмети за да се споредат. Ние немаме јасна слика, ако не прашаат матурантите или нивните родители. Ако е реформа, нека биде за сите во иста учебна година, со претходна јавна расправа од базата за полезноста од реформите за подигнување квалитет на образование, односно моќта на матурскиот испит.

    Ние наставниците, сметаме дека оваа година треба да остане како и минатата година да се полага државна матура за да рамноправно сите матуранти во Република Македонија учествуваат во трката за индекс.

                  Со почит, наставниците при Гимназија “Гоце Делчев“ од Куманово