Натпревари за 60 години постоење на “Браќа Миладиновци“
11.02.2014 13:25
| KumanovoNews
По повод 60 години постоење на основно училиште “Браќа Миладиновци„ во март на ниво на училиште ќе бидат организирани натпревари по повеќе предмети.

Учениците со најдобри резултати ќе бидат наградени со пригодни награди на прославата по повод патронатот во мај. Бидејќи се работи за јубилеј од 6 децении постоење, од училиштето одлучија да реализираат повеќе активности. Тие за патронатот ќе подготват мултимедијална приредба на која ќе бидат поканети сите релевантни фактори во градот, гости и родители.