×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЦУК: Неисправна е водата за пиење во Куманово

    22.05.2024 10:08 | Оливера Пешевска

    По вчерашните поројни врнежи од дожд и град е предизвикано зголемување на нивото на Липковска река, што има влијание на системот за водоснабдување. Водата да не се користи за пиење поради неисправност, соопштија од Центарот за управување со кризи.

    ЦУК: Неисправна е водата за пиење во Куманово

     На Филтер станицата има надојдено над 10. 000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните.

    „Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата“, стои во известувањето на ЦУК до јавноста.

    Веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните.

    Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово.