Не очекува посуво и посушно лето од лани, велат од УХМР
Значително посуво и посушно лето не очекува оваа година, во однос на минатогодишните предвидува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Надминување на температурите ќе има до 3 степени на речиси целата територија на Македонија, а најголеми отстапувања од просекот ќе има во јули.
Според анализите за цела Југоисточна Европа се очекува летните температури со натпросечни вредности.
„Несигурноста кај регионалните предвидувања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Во Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи“, стои во соопштението.
Повеќегодишниот просек (1991-2020) за температурите на воздухот во летната сезона изнесува околу 16°Ц во планинските предели и до 26.1°Ц измерени во Гевгелија. Источниот дел на државата бележи најмногу просечни врнежи лете- околу 170 милиметри.
Од УХМР прогнозираат дека не очекуваат периоди со исклучително топло и суво време, но не ја исклучуваат можноста за повремени влажни продори.