Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хотелот „Кристал“, од 60-те до 80-те години на минатото столетие постојано работи со полн капацитет, станува омилена дестинација на гости од сите околни градови, со музика и реномирани пеачи и секако неповторливите игранка во саботите и неделите.
Познати фудбалери, спортски тренери, политичари, книжевници беа постојано гости на Куманово и се разбира и на најреномираниот угостителски преставник на градот-хотелот “Кристал”.
Драг гост на овој кумановски угостителски објект беше и бардот на македонската книжевност, Блаже Конески кој многу често доаѓаше кај своите пријатели во Куманово и тука некаде ја обликува познатата песна за градот - “Куманово”.
Куманово
Така си мислев и не се разбирам ни
самиот себеси
сега - без желба да одам во тој град,
заправо само со притаена желба за Куманово.
Не знам за што да жалам повеќе , другари,
дали што попушти мојата волја
или што попушти вашата волја.
(Извадок од песната Куманово - Блаже Конески)
Денес, останаа само спомените и руините...