×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема да се покачи партиципацијата на државните факултети, тврдат надлежните

    30.01.2024 09:16 | KumanovoNews

    Нема да има покачување на партиципацијата на државните факултети за додипломски, постидпломски и докторски студии, тврдат од Министерството за образование и наука, откако во дел од медиумите беше пренесена информацијата на Студентски отпор, каде се споменуваше двојно поголема сума од досегашната.

    Нема да се покачи партиципацијата на државните факултети, тврдат надлежните

    „Министерството за образование и наука реагира на натписите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи, и тоа на сите три циклуси на студии. Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање кои важат во моментов. Министерството за образование и наука го почитува принципот на инклузивност при креирањето на политиките и носењето на одлуките, така што ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани. Износите на партиципација остануваат идентични како и досега“, се вели во соопштението на МОН.

    Сепак, оттаму потврдуваат дека во комуникација со Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е добиена информација дека ректоратот побарал мислење од факултетите и единиците во состав за тоа дали износите кои во моментов се плаќаат се оправдани или можеби треба да претрпат одредени корекции. Но, тоа е интерно инициран процес на институцијата, потенцираат
    надлежните.