Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нема да се зголемат платите на здравствените работници до крајот на годината, ниту пак ќе има потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, кажа министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите.
„Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратување на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор“, кажа министерот.
Поради недостигот на средномедицински персонал и специјалисти, Таравари кажа дека ќе има пари за вработувања, бидејќи здравствените институции се соочуваат со голем притисок во работењето.