×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема нови рестриктивни мерки, затворањето на границите нема да го спречи Oмикрон сојот, вели Филипче

    29.11.2021 14:49 | Сузана Николиќ

    Некаква рестрикција во однос на затворање на граници и карантин за патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект во заштитата на новиот сој на ковид-19, омикрон, кој за првпат беше детектиран пред една недела во јужна Африка и веќе се прошири во неколку европски земји, вели министерот за здравство, Венко Филипче.  

    Нема нови рестриктивни мерки, затворањето на границите нема да го спречи Oмикрон сојот, вели Филипче

    „Очигледно е дека е детектиран во некои европски земји, досега видовме дека кога ќе се појави нов сој не може да се спречи да се појави на друга територија. Соевите се појавуваат и ќе се појавуваат и натаму. Сѐ уште нема доволно познати информации, иако, Светската здравствена организација (СЗО) укажува на тоа дека е полесно пренослив. Сепак директорот на Американскиот институт за здравство смета дека и за тоа нема доволно информации, и дека се тука некаде по степенот на преносливост со делта сојот“, рече Филипче за медиумите по денешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

    Тој потврди дека во земјава остануваат истите мерки, односно потврда за вакцина за влез и излез од државата или негативен ПЦР тест.

    Инаку, на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести било заклучено дека состојбата со ковид-19 во земјава е стабилна, неделната инциденца е за 5 проценти помала во однос на претходната недела, а тоа се чувствува, како што рече Филипче, и по состојбата со слободни места во болниците, вклучувајќи ја и Инфективната клиника.

    Израел и Јапонија забранија влез за сите странци, а Велика Британија, Холандија, Канада, САД, ЕУ ги прекинаа авионските врски со државите од југот на Африка.