Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравеј во Куманово, нема регистрирани новозаболени и починати лица од ковид-19. Четворица пациенти се оздравени, а активни се 24 случаи.
На ниво на државата во последните 24 часа направени се 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на ковид-19. Од Тројца се од Скопје и еден од Битола.
Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Куманово - 4, Скопје – 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68659, Активни 88
Куманово 8882, Активни 24
Прилеп 8327, Активни 18
Тетово 7248, Активни 22.