Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход, апелираа од Комисијата за заразни болести по денешната средба на која беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба.
На состанокот се дискутирало и за интензивирање на кампањата за вакцинација против ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.
„Комисијата за заразни болести, во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлага постепено релаксирање на мерките“, соопштуваат од Комисијата.