×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема работа за првиот магистер Ром во Куманово

    21.02.2015 11:46 | KumanovoNews

    Бајрам Бајрамовски (33) е првиот магистер од ромска националност во Куманово, кој нема постојано вработување.

    Нема работа за првиот магистер Ром во Куманово

    Тој завршил Педагошки факултет пред 5 години, а подоцна магистрирал на Институтот за социјална работа и социјална политика Мајка Тереза, насока социјална администрација. Бајрамовски упорно аплицирал на многу огласи за вработување, но не успеал да се вработи. Се надева дека наскоро ќе му се насмее среќата и ќе се реализира професионално.

    Дипломата и магистерската титула ми донесе разочарување во целата трка и борба за вработување, која следеше потоа. Луѓето ме охрабруваат и знаат дека сум прв магистер по социјална политика. Би ги советувал другите да продолжат да учат, да не се откажат од својата зацртана цел, да не потклекнат пред предизвиците. Тие ќе бидат образовани луѓе со диплома во рака кои ќе ја чекаат својата шанса. Верувам дека еден ден образованието ќе се исплати“- изјави Бајрамовски.

    Овој млад човек вели дека се буди свеста кај ромското население за образување, и тоа го поткрепува со фактот дека во Куманово има повеќе од 15 Роми со завршен факултет, а уште неколку млади Роми се на магистерски студии.

    “Секако дека моето дипломирање донесе големи промени кај мене како човек и во мојата перцепција на нештата. Завршувањето на формалното образование според мене е многу важна работа и неопходна основа за секој чекор понатаму. Едуцираниот човек е сигурен и полезен човек,- додава Бајрамовски.

    Додека чека постојано вработување, тој неколку години волонтира во невладината организација ДРОМ каде води евиденција на невработените Роми кои активно бараат работа.