×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема судска разврска за базенот кај “Куба“

    13.07.2012 10:19 | KumanovoNews

     Базенот кај хотел “Куба“ со години пропаѓа поради нерасчистени имотно-правен односи. Тој е целосно уништен и руиниран, но засега никој не може да стопанисува со него.

    Нема судска разврска за базенот кај “Куба“

    Од Секторот за правни работи на општина Куманово велат дека се води судска постапка за утврдување на сопственост на поранешниот Градски базен.

    - Со одлука на Влада хотел “Куба“ и придружните објекти во 2000 година се оделени на Општината Куманово. Во меѓувреме се води друга постапка со “Бисерка“ која имотот го предала во сопственост на адвокатот Ѕвонко Јосевски. Со решение на второстепена комисија имотот што е заведен на тоа име се блокира и се уважува жалбата што ние ја поднесовме. Оваа процедура сеуште не е завршена - објаснува Методија Бојковски, раководител на Секторот за правни работи.

    Спорот трае повеќе од шест години. Нов градски базен се гради, но него граѓаните ќе го посетуваат идната летна сезона. Во градот има два или три помали базени, но голем дел од граѓаните ќе се разладуваат во реката Пчиња во село Шупли Камен.