×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оштетени новите патеки во Градскиот парк, не помaгаат ни заштитни ленти ни чувари

    16.10.2024 14:18 | Оливера Пешевска

    Несовесни граѓани поминуваат пешки, со велосипеди и мотори, и ја оштетуваат новата подлога на патеките во Градскиот парк во Куманово.

    Оштетени новите патеки во Градскиот парк, не помaгаат ни заштитни ленти ни чувари

    Ова безобразно однесување на поедци, не можат да го спречат работниците и чуварите на фирмата, а уште помалку поставените заштитни ленти и металните буриња пред местата каде што се работи.

    Работниците од фирмата „Интеко Иван“ од Скопје, велат дека и покрај тоа што има оставен простор, каде што граѓаните можат безбедно да поминуваат, секој си оди како навикнал и намислил, без да води грижа дека ќе ја оштетат штотуку поставената подлога.

    „Се работи за материјали отпорни на абење, специјална гума за велосипеди, мопеди, ролери или електрични тротинети. Единствено треба нанесениот материјал добро да исуши и стегне, но ни за толку немаме трпение. Си постои обележано место за поминување- цел ден викаме и пренасочуваме, но никој не не слуша“, објаснува Игор Димовски, управител на фирмата.

    Тој додава дека се потребни околу 20 часа за целосно сушење на подлогата, па затоа трасата ја работата во фази, а до сега е завршана околу половина од патеките во паркот.

    Тие презеле дополнителни мерки за обезбедување, со ангажирање на чувари од 16 до 8 часот наутро, бидејќи оштетувањата ќе мора да ги поправат на нивна сметка,  но се чини дека не можат да излезат на крај со несовесните жители.

    Утринава се пријавени нови траги од стапалки, движење на велосипеди, а дел од патеката, каде оштетувањата биле највидливи е целосно изгребан и отстранет и повторно ќе се работи на должина од неколку метри.

    Додека бевме на терен и самите се уверивме во она што го тврдат работниците, мотоциклист и еден граѓанин не ги регистрираа предупредувањата на работниците. Тие велат, дека најфреквентно е во попладневните часови, некаде од 15 до 16,30 часот кога се зимаат дечињата од градинка или учениците од најниските одделенија.

    Паркот го користат жителите на т.н. Ново Куманово, кои од паркот преку мостот го скратуваат патот до дома, но и население од околните куќи кои во попладневните часови излегуваат на прошетка или рекреација. Во текот на вечерните часови неретко паркот е место на кое се собираат тинејџери и млади луѓе.

    Со години во Куманово е проблем оштетувањето на јавните површини и урбаната опрема, ама локалната власт никако да изнајде решение за идентификување и санкционирање на сторителите. Се спомнува и видео надзор, поставување на комунални редари, ама ниедна од мерките до сега не е спроведена.

    Решение се бара и во поголема ангажираност на полицијата за да се заштити јавното добро, но и поголема грижа на општинските служби за сопствениот имот. Додека надлежните си ја префрлаат одговорноста, преку општинскиот буџет по неколку пати се плаќа за една иста работа.