Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невена Величковска од Куманово е реизбрана за организационен секретар во новиот извршен комитет на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Сергеј Попов.
Величковска вели дека реизборот за неа пред се` претставува одговорност, а потоа чест и задоволство.
„Одговорност во борбата за подобрување на статусот на младиот човек, активно и поголемо учество во носењето одлуки во општеството и политичкиот живот. Сметам дека само преку артикулирањето на гласот, желбите и потребите на младиот човек можеме да изградиме општество и држава во која младите ќе можат да останат тука, да се образуваат, развиваат и да изградат семејство, затоа што младината е иднината на секок држава“, изјави Величковска за Кумановоњус.
Невена Величковска е советник во Советот на Општина Куманово, по професија е дипломиран економист и работи во Државната изборна комисија (ДИК).