×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невладината „Англупине“ подели пакетчиња на најмалите

    28.12.2023 20:26 | Оливера Пешевска

    Хуманитарното здружение „Англунипе“ додели 130 пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства и децата кои го изучуваат ромскиот јазик и култура. На радост на насобраните дечиња се одржа програма и забава со Дедо Мраз во малата сала на Центарот за култура во Куманово.

    Невладината „Англупине“ подели пакетчиња на најмалите

    На радост на насобраните дечиња се одржа програма и забава со Дедо Мраз во малата сала на Центарот за култура во Куманово.

    „Ова е голем настан за нас. Уживаме исто како и децата додека ги гледаме нивните насмевки и радости за да го почувствуваат новогодишниот дух. Ваквите настани ни даваат поттик и секоја година организираме забава и доделуваме пакетчиња за децата од ова категорија на граѓани“, истакна Мерџан Демирали, претседател на здружението.

    „Англунипе“ преку донатори, главно приватни лица обезбеди 80 пакетчиња, двајца од нив живеат во Шведска и еден е од Данска. Останатите 50 се донација на Форумот на жени на СДСМ Куманово.

    „Секоја година традиционално се вклучуваме во акцијата „Дарувам од срце“. Ова година се собрани повеќе од 300 пакетчиња кои се делат на повеќе локации во градот. Еве заедно и со овие дечиња за да им го разубавиме денот, да им ги насмееме лицата и да ги исполниме нивните срца. Искрено посакувам среќна нова 2024 година на сите дечиња, нивните родители и на сите граѓани на нашиот град“, изјави Соња Тодоровска, претставничка на Форумот на жени.

    Акцијата за поделба на новогодишни пачетчиња се организира по 18 пат.