Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Десет граѓани од Куманово вчера во техничкото училиште “Наце Буѓони“ добија уверенија за четиримесечната обука која ја завршија.
Тие се стекнаа со знаења и вештини за изведување електрични инсталации на стамбени објекти. Кандидатите имаа теоретска и практична настава во два фирми. На најдобрите ќе им се укаже можност за вработување во фирмите каде обавувале пракса или во друга фирма во градот. Се смета дека електричарите се дефицитарна струка. Овој проект е дела од оперативните мерки на Владата за намалување на невработеноста, финансиран од УНДП, а во иднина обуки ќе има и за други невработени лица.