×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невработените нема да се пререгистрираат за сини картони

    26.03.2015 08:17 | KumanovoNews

    Невработените што имаат континуирано здравствено осигурување и во текот на 2014 година извршиле регистрација во Фондот за здравствено осигурување, од први април годинава не треба да носат документи во подрачните служби, за нова пререгистрација.

    Невработените нема да се пререгистрираат за сини картони

    ФЗОМ по службена должност ќе го продолжи осигрувањето на лицата со ниски примања.

    Автоматски ќе им биде продолжено осигурувањето и ќе имаат континуирано здравствено осигурување заклучно со 31 март 2016 година. Регистрацијата ќе биде задолжителна само за оние невработени лица кои за прв пат се пријавуваат за здравствено осигурување. Фондот, врз основа на електронски добиените податоци од УЈП, според остварените нето приходи како семејство определува во која категорија припаѓа осигуреното лице. Потенцираме дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравствено осигурување (брачен другар, деца), -велат од Фондот.

    Здравственото осигурување за невработените го покрива државата ако нето приходот остварен во 2014 година изнесуваат:до 105.600 денари, од 105.600 денари до 189.864 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 17.600 денари– здравственото осигурување го покрива државата, од 105.600 до 189.864 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50% на просечна плата т.е. 1155 денари месечно, а над 189.864 денари – здравственото осигурување го плаќа осугуреникот во износ од 100% на просечна плата, т.е. 2310 денари месечно.