Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невреме со град синоќа го зафати кумановското село Живиње при што се оштетени житариците, тутунот и лозјата.
Еден час паѓаше град, но беше многу силен. Имам тутун 7 декари, жито, пченица, јачмен околу 4 декари, а ништо не е жнеано. Тикви, бостан, домати, сланутак и се е уништено, нема ништо. Од тоа живееме највеќе од тутун - вели жител на селото.
Селаните за обештетување засега не се обратиле до општината.
Државна работа немаме никој дома. Од тутун што земавме пари плаќавме жетва и така се одржувавме. За нас оваа година ќе биде многу тешка. Ние сме голема фамилија со 7 члена и по 100 кг брашно трошиме на месец, а каде се другите трошоци - рече Стојка Китановска.
Поради невремето втор ден по ред селаните од Живиње немаат струја.