×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ни носеа цвеќе, а ги земаа нашите титовки кога го ослободивме Куманово

    11.11.2012 09:32 | KumanovoNews

     Борците од НОБ Спирко Зафировски и Душко Јовановски и по 68 години, сеуште живо се сеќаваат на сите детали на големиот ден кога го ослободиле Куманово од фашистичката окупација.

    Ни носеа цвеќе, а ги земаа нашите титовки кога го ослободивме Куманово

     И покрај тоа што се во подминати години и ја живејат деветата деценија од својот живот, тие со невидена леснотија се присетуваат на нивната подвижна болница, на храброста на жените, на жестоките битки вечерта од 9 кон 10 ноември и еурофијата при победата на Куманово.

    Спирко Зафировски, се сеќава дека на 19 години почнал да се бори, а во првите десет дена на ноември се воделе жестоки битки за ослободување на градот. Тој вели дека германската војска била подобро вооружена, но на крајот претрпела големи загуби. Фашистичката војска посебно го чувала патот кон Крива Паланка, а ги минирале сите патишта и мостовите за да го попречат движењето на противниците. Во неговата меморија е врежана битката на Четирски рид од 10 ноември.

    -    Тоа утро добив задача да се облечам во селска облека и да слезам до првите куќи во градот, да видам каква е ситуацијата. Отидов на улица сегашна „Никола Тесла„, кај мојот пријател Денко Бугарин. Тој ми кажа дека цела ноќ имало врева од возила, но друго не знаеше. Ако се вратев назад немав информации никакви. Затоа сакав да одам преку Бавчи, ама ни држеа предавања дека споредните патишта ги минираат и појдов кон Врањско џаде. Немаше 50 метри ме сретнаа двајца Германци, ме претресоа, ми прозбореа, ама јас нив не ги разбрав,ниту тие мене. Личев на селанец и ме пуштија, само ме чукнаа по рамо – вели Зафировски.

    Борците објаснуваат дека во нивните редови имало и жени кои не биле за потценување и се покажале како многу храбри.

    - Имаше жени од Свети Николе, од село Немањице, жени бомбаши, управуваа тие и со чети. Само во четата имаше 15 жени, а во бригадата најмалку 40 жени. Ние бевме со скромно оружје, а од оние војници кои беа заробени или загинати го земавме оружјето – додава Зафировски.

    Душко Јовановски, вели доброволно и мажите и жените се вклучиле во борба. Тој на 20 години земал пушка во рака, но објаснува дека имало и многу помлади борци.

    -Бев во манастирот Прохор Пчински од каде тргнавме за Куманово. Тој дел беше позаштитен, со нас имаше и бугарски затвореници. Во мојата бригада имаше млади по 15 години, но сите бевме еднакви и стари и млади. Од мојата бригада од 460 борци, 15 загинаа – вели Јовановски.

    Непосредно пред ослободувањето на градот одекнале три експлозии, по што на борците им било јасно дека фашистичката војска се повлекува. Двајцата наши соговорници опишуваат дека на денот кога Куманово било ослободено, река народ се слевала кон плоштадот, носела цвеќе, децата сакале да ги поносат титовките на борците, а командирите на четите оддржале говор.

    Тие порачуваат на малдите генарации и на  државата повеќе да се грижи за спомениците од НОБ, бидејќи благодарение на оние што ги дале своите животи во тоа време имаме самостојна и независина држава. Нив ги радува фактот што многу луѓе го подржуваат и продолжуваат нивното дело. За ослободување на градот животот го дале 455 борци.