×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Никако да се реши сообраќајниот хаос кај ЗИК

    19.03.2010 09:23 | KumanovoNews

     Решавањето на сообраќајниот хаос на булеварот „Трета МУБ„ кај поранешната зграда на ЗИК, каде што се сместени техничкото училиште и гимназијата со настава на албански јазик, беше едно од советничките прашања, поставено на градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Никако да се реши сообраќајниот хаос кај ЗИК

     Дали Општината презема мерки со кои ќе се реши проблемот во тој дел на градот, бидејќи секојдневно сме сведоци на големи проблеми во безбедноста на сообраќајот. Своевремено добив одговор дека училиштето ќе се дислоцира, а времено ќе се реши проблемот со отворање на нов влез од задната страна на зградата- праша Максим Димитриевски, советник на СДСМ.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски објасни дека зградата на поранешен ЗИК ќе остане училишен простор и нема да добие друга намена. Веќе се очекува согласност од Министерството за транспорт и врски, по што просторот ќе се адаптира за потребите на образованието.

     Што се однесува до временото отварање на нови влезови од задната страна на објектот, ние го подржуваме тоа решение,но таму има тесни грла во улиците, а учениците нема да ги почитуваат прописите. Претпоставувам дека во наредниот период ќе го направиме тоа, со желба да се заштити безбедноста на учениците. Меѓутоа сметам дека тоа решение нема целосно да го отстрани проблемот - одговори градоначалникот.       

    Учениците од двете училишта немаат двор во училиштето, поради што поголемиот дел од слободното време го поминуваат на тротоарот и самата улица. Особено е алармантно во време на смените и одморите.

     Се очекува од есен дел од училиштата да бидат префрлени во касарната во Бедиње, со што ќе се намали фрекфенцијата на ученици на така мал простор.